Шокантна вест пристигна од Босна и Херцеговина, но за среќа се завршило во најдобар ред. Имено, тамошната теквондо репрезентативка, Надина Мехмедовиќ била мета на напаѓачи кои се обиделе да ја киднапираат!

Нејзиниот татко Елвин Мехмедовиќ откри дека непознати лица се обиделе да му ја киднапираат ќерката во неделата вечерта во Шија.

  • Моментално сме во полиција и не можам ништо повеќе да кажам, добро е, за неколку дена има европско натпреварување, изјави Елвина Мехмедовиќ за порталот „Аваз“.

Деталите за оваа шокантна вест ги откри претходно.

  • Сакаме да ја информираме јавноста дека во неделата вечерта се случи нереална ситуација, непознати лица се обидедоa да ја киднапираат Надина Мехмедовиќ, репрезентативката на Босна и Херцеговина во теквондо. Се обиделе насилно да ја внесат во автомобил со употреба на физичка сила и и нанеле полесни повреди. Со Божја помош и нејзиното искуство во борбите на натпреварите успеала да нокаутира еден од киднаперите и да побегне. Таа го избегнала најлошото сценарио. Истрагата е во тек и наскоро ќе откриеме повеќе детали. Надина пред неколку дена наполни 17 години и како малолетна успеа да се извлече од најлошата можна ситуација. Сите сме шокирани од овој настан, доколку некој видел или знае нешто, на сите информациите добро ќе им дојдат, откри таткото на таеквондистката.