Монтажната болница до Инфективната клиника е скоро полна со болни. Новите пациенти ќе се примаат на Клиниката за неврологија и Кожна клиника.
„Со оглед на тоа што модуларната болница е скоро исполнета, на располагање се става Институтот за белодробни заболувања, Клиниката за неврологија и Клиниката за дерматологија а дополнителни болнички легла ќе има во рамките на повеќе интерни клиники. Во рамките на другите болници секаде се ослободени интерните одделенија и целосно е ставен кадарот на располагање. Дополнителни легла се спремни и во болницата ‚8 Септември“, истакна Филипче.