„Се надевам дека Перез ќе го донесе на Бернабеу“

67
epa10219042 President of Real Madrid Florentino Perez speaks during the Ordinary and Extraordinary General Assemblies of the Spanish La Liga's team Real Madrid, in Madrid, Spain, 02 October 2022. EPA-EFE/FERNANDO ALVARADO

Реал (М) има еден од најдобрите тимови на денешницата, кој се подобрува од сезона во сезона, но легендарниот фудбалер на „кралскиот клуб“, Гути, навести кој ќе биде следното засилување на шпанскиот гигант.

Гути по завршувањето на кариерата работеше како тренер, но без голем успех, па во последните години најмногу работи како коментатор.

Легендарниот Шпанец будно ги следи настаните во светот на фудбалот со акцент на Реал (М) и затоа му даде предлог на Флорентино Перез за следното засилување.

Со Килијан Мбапе, Винисиус Јуниор и Родриго, „кралскиот клуб“ го има еден од најдобрите напади во светот на фудбалот, но тоа не е доволно за Гути.

Поранешниот играч за врска смета дека Флорентино Перез треба да тргне по друг човек за да го комплетира најдобриот напад во фудбалската историја.

Не е тешко да се погоди дека тоа е Ерлинг Халанд, кој во Англија под водство на Пеп Гвардиола се претвори во вистинска гол-машина.

„Би го донел Халанд во Реал. Тој е неверојатен неколку години и се надевам дека е следната цел на Перез. Тоа би било добро за шпанскиот фудбал“, изјави Гути.

Веќе има гласини дека планот на Перез е навистина да тргне по Халанд сега кога конечно успеа да го донесе Мбапе од ПСЖ.

Норвежанецот одлично се снаоѓа во Манчестер Сити каде има статус на најголема ѕвезда, а Гвардиола му ја адаптираше играта и всушност е единствениот без замена.

Токму поради оваа причина, на „Кралевите“ сигурно нема да им биде лесно да го доведат најсмртоносниот напаѓач на денешницата, но за Перез нема збор „невозможно“.

Првиот човек на Реал (М) порано или подоцна добива се што ќе посака, а ако Халанд биде означен како мета тогаш е прашање на време кога ќе заврши на „Сантијаго Бернабеу“.