Се копа дупка за првата зграда на просторот на „Треска“

220

На влезот од десната страна во некогашната фабрика „Треска“, на просторот што се расчистуваше по пожарот, започнал да се гради првиот објект кој ќе го градат фирмите „Голден арт“ и „Мега акустик“.

Станува збор за станбено-деловен објект со висина од 19,20 метри, кој ќе има приземје и пет спрата. Вкупната бруто-изградена површина ќе изнесува 6.662 квадратни метри.

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски изјави дека е издадено одобрение за градба.

– Тоа е на „Голден Арт“ и е првото одобрение за градба кое е издадено на тој простор – изјави Герасимовски.

Од Секорот за урбанизам потенцираа дека одобрението за градба е издаденo за станбено-деловен објект во согласност со важечкиот ДУП.

Овие фирми пред еден месец платиле комуналии на Општина Центар во висина од 800.000 евра.

По поднесената иницијатива од граѓанската иницијатива „Шанса за Центар“ и од адвокатката Сузана Јошевска, Уставниот суд на 3 август оформи предмет за измената на Деталниот урбанистички план (ДУП) Буњаковец 2, во чии рамки спаѓа и просторот на попранешната фабрика „Треска.