Општина Центар издава под закуп две деловни простории во пакет, во катната гаража „Судска палата“, и тоа преку електронско јавно наддавање. Тие се наоѓаат на приземјето на катната гаража. Едната е со површина од 29 квадратни метри, а другата со површина од 37 квадратни метри, односно двете со вкупна површина од 66 квадратни метри.
Вкупната проценета вредност на пакетот деловни простории изнесува 5.046.874 денари (за ДП 10 проценетата вредност е 2.216.890 денари, а за ДП 11 проценетата вредност е 2.829.984 денари).
Висината на почетната месечна закупнина за пакетот деловни простории изнесува 0,5 % од вкупната проценета вредност на деловните простории, односно 25.234,37 денари (висината на почетната месечна закупнина за ДП 10 изнесува 11.084,45 денари, а висината на почетната месечна закупнина за ДП 11 изнесува 14.149,92 денари).
Право на учество на јавното наддавање имаат сите заинтересирани домашни и странски физички и правни лица што ги исполнуваат условите утврдени со закон, како и условите дадени во објавата.
Пријавата за учество на јавното наддавање се поднесува електронски и треба да ги содржи сите податоци и докази што се утврдени во објавата за електронско јавно наддавање. За да може да поднесе пријава за учество заедно со доказите утврдени со објавата, секое физичко и правно лице треба претходно да се регистрира на страницата www.e-stvari.mk.
(А.П.)