Се зголемува ризикот од ширење на заразни болести во Газа, предупредува СЗО

52
MIDEAST ISRAEL PALESTINIANS GAZA CONFLICT

Појасот Газа се соочува со зголемен ризик од ширење на болести поради израелските воздушни напади, кои го нарушија здравствениот систем, пристапот до чиста вода и предизвикаа толпа луѓе да се кријат во засолништата, предупредува Светската здравствена организација (СЗО).

Во соопштението од СЗО се наведува дека веќе се појавуваат некои загрижувачки трендови.

Недостигот на гориво во густо населената енклава, според СЗО, предизвика затворање на постројката за прочистување на водата и со тоа зголемувајќи го ризикот од бактериски инфекции, како што е ширење на дијареја. СЗО соопшти дека од средината на октомври биле пријавени повеќе од 33.551 случај на дијареја, од кои повеќето се деца на возраст под пет години.

„Бројот на заразени деца значително е зголемен во споредба со просечните 2.000 случаи месечно во таа возрасна група во текот на 2021 и 2022 година. Покрај тоа има и 8.944 случаи на шуга и вошки, 1.005 случаи на варичела, 12.635 случаи на осип на кожата и пријавени се и 54.866 случаи на инфекции на горните дишни патишта“, се наведува во соопштението од СЗО.