Се зголемуваат трошоците за живот во Русија

0
20

Трошоците за живот во Русија се зголемуваат, покажуваат новите податоци.

Како што јави Би-Би-Си, растот на цените следува по руската инвазија на Украина.

Цената на некои основни производи за домаќинство, како на пример шеќерот, „скокна“ за 14 отсто минатата недела.

Се проценува дека инфлацијата ќе продолжи да расте во Русија, каде рубљата изгуби 22 проценти од својата вредност од почетокот на годинава.

Во текот на вчерашниот ден, руското Министерство за економија соопшти дека годишната инфлација „скокнала“ за 14,5 отсто во неделата заклучно со 18 март – што претставува највисоко ниво, од крајот на 2015 година.

Цената на шеќерот, што го користат често за зачувување храна или за правење алкохол, е зголемена најмногу. Потоа следува кромидот, со пораст од 13,7 отсто на национално ниво, а во некои области и до 40,4 проценти. Пелените пак, поскапеа за 4,4 отсто. Цените за црн чај се зголемија за четири, а тоалетната хартија за три проценти.

Медиумот потсетува дека голем дел бизниси се повлекоа од Русија поради војната. Други пак, како швајцарскиот гигант Нестле, ги повлече главните брендови како КитКат и Несквик.

Видеа на социјалните медиуми покажуваат како купувачи се обид уваат да купат шеќер и леќа во супермаркети во Москва.

Заменик премиерката Викторија Абрамченко им порача на жителите дека нема потреба од паника за да се купат овие работи.

– Има доволно за сите, истакна таа.