Се запали стан во скопско „Ѓорче Петров“ – противпожарната служба со успешна интервенција

1243

Пожарот кој се случи во станбената зграда на улицата Виа Игнација број 8 во општина Ѓорче Петров е локализиран и изгаснат, извести директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов.

Опожарен бил стан на втори кат во зграда на улицата „Виа Игнација“ во општина Ѓорче Петров, претходно извести ЦУК. Интервенирале осуммина пожарникари со три противпожарни возила, потврди вечерва за МИА, командантот на скопската Противпожарна единица, Звонко Томески.