Неодамнешниот вандализам на гробишта во селото Ердут, источно од Осјек, во Хрватска, го извршиле три деца помлади од 14 години, јави денеска осјечкот-баранската полиција.
Агенцијата ХИНА пренесе дека полицијата за тоа го известила Државното обвинителство за младинци.
Полицијата во четвртокот на ердутските гробишта утврдила дека ден претходно на 65 гробови им се расфрлени и искршени цветните аранжмани, стаклените лампиони, украсните вазни и фигури, свеќите и три дрвени крста, но дека не се оштетени гровите и надгробн ите споменици.
Со криминалистичка истрага е утврден основаниот сомнеж дека кривичното дело повреда на мирот го извршиле три деца помлади од 14 години.