Близок извор до таборот на актуелниот светски и европски клупски шампион, тимот на Ливерпул, откри дека клупските челници нема да испратат никаква понуда за услугите на англискиот интернационалец од редовите на германскиот бундеслигаш Борусија од Дортмунд, Џејдон Санчо.
Крилниот напаѓач е желба на сите европски гиганти, а од неговата продажба се очекува заработувачка не помала од 100 мил. фунти. Истиот извор тврди дека „црвените“ се сфесни дека Санчо веќе има потпишано пред-договор со Манчестер Јунајтед.