СЕ Е ПОДГОТВЕНО ЗА ТРЕТА СВЕТСКА ВОЈНА! Со испраќање 11.000 војници, Северна Кореја го менува текот на војната во Украина

248

Војната во Украина наскоро „ќе стане Трета светска војна“, наведува британски „Телеграф“ во најновата анализа за развојот на конфликтот. Причината за нивното предупредување се 1.500 војници на севернокорејските специјални сили, кои на почетокот на октомври испловија од Северна Кореја со седум бродови на руската Пацифичка флота, во правец на градот Владивосток.

– Тие се претходник на почетната сила од потенцијално 11.000 севернокорејски војници, што треба да ја зајакне руската војна против Украина и најстрашниот потсетник дека војната не е само меѓу Русија и Украина. Линијата е помината и трупи од трета страна наскоро ќе бидат на терен – пишува The Telegraph.

Сметаат дека и други нации од украинската страна би можеле да донесат слична одлука, бидејќи британските и француските политичари веќе ја предложиле.

– Сега е глобална војна, потенцијално светска војна – велат тие, спомнувајќи ги сојузниците на рускиот лидер во Иран, Северна Кореја и во помала мера Кина.

Северна Кореја претходно и продаде муниција, балистички ракети КН-23 и противтенковски ракетни возила на Русија. Благодарение на нив, руските сили се уште не останале без критична опрема, по 32 месеци војна. Испраќањето на работна сила заедно со оружје, предупредуваат тие, сега ја менува ситуацијата.