Поранешниот непоразен светски шампион во бокс, Флојд Мејведер, имаше уште една егзибициска борба која од спектакл се претвори во општ хаос. Борбата на Флорида меѓу човекот кој има 50 победи без пораз во професионалната кариера и Џон Готи Трети, внук на познатиот мафијаш Џон Готи од семејството Гамбино, се претвори во општа тепачка.
Chaos ERUPTS after the Floyd Mayweather and John Gotti III fight was waived off 😳
(via @The_ZeusNetwork)pic.twitter.com/sRBWXTj1DM
— Yahoo Sports (@YahooSports) June 12, 2023
Имено, легендарниот боксер без поголеми проблеми ги контролираше случувањата во рингот и со удари го зашемети противникот, вешто избегнувајќи ги неговите обиди.
Сепак, наводно сè ескалираше кога судијата Кени Бејлис ги предупреди борците да зборуваат помалку и да бидат поактивни, а потоа го прекина мечот поради премалата акција.
Во тој момент, Готи го нападна Мејведер, судијата се обиде да го заштити, но беше погоден од некои од ударите. Сепак, тоа беше капсула за општ хаос, бидејќи рингот брзо се наполни со луѓе од двата тима каде што се нападнаа едни со други. Општата тепачка продолжи на трибините, меѓу навивачите, па обезбедувањето мораше да исфрли дел од гледачите од арената.
Joseline Hernandez seen part of a brawl backstage following Floyd Mayweather vs John Gotti III boxing fight pic.twitter.com/R30FoFL9tk
— Uncut Circle (@UncutCircle) June 12, 2023
Инаку, мечот беше прекинат во шестата рунда, а на Готи ова му беше само трет меч и тој има две победи зад себе. Претходно се обиде со ММА, но подоцна се префрли во боксот. Што се однесува до Мејведер, ова е уште една од егзибициските борби кои ги има секоја година и од кои заработува огромна сума пари.