Германските медиуми веќе на големо шпекулираат околу тоа кој ќе биде следниот тренер на актуелниот шампион, тимот на Баерн (М). Баварскиот гигант моментално е предводен од Томас Тухел, но прашање е само на време кога ќе му биде врачен отказот. Според истите медиуми во игра за жешкото столче на „Алијанц арена“ се Зинедин Зидан, Оле Гунар Солскер, Жозе Мурињо и Антонио Конте.