Поголемиот дел од италијанските медиуми се убедени дека калчо гигантот Интер ќе стави крај на соработката со актуелниот тренер Симоне Инзаги доколку „нероазурите“ не обезбедат пласман во групната фаза од Лигата на шампиони. Освен за можниот отказ, истите медиуми пишуваат дека челниците на Интер ќе се обидат да ги осигураат услугите на Антонио Конте или тие на актуелниот менаџер на Брајотон, Роберто де Зерби.