Каталонскиот гигант Барселона сака за време на зимскиот преоден рок да се ослободи од услугите на офанзивниот бек, Жуниор Фирпо. Поранешниот фудбалер на Бетис од Севилја беше ангажиран како замена за репрезентативецот на Шпанија, Жорди Алба, но во изминатите 18 месеци не ги исполни големите очекувања на клупските челници. Неофицијално, Барса од неговата продажба очекува заработка не помала од 20 мил. евра.