Се асфалтираат улиците до Здравствениот дом во Богданци

79

Во Богданци почна реконструкцијата на улици што водат до Здравствениот дом. Станува збор за реконструкција на улиците „Васо Марков“, „Мирче Ацев“ и „Дојранска“ чиј горен слој беше во многу лоша состојба и го отежнуваше приодот на пациентите до Здравствениот дом во Богданци.

– Проектот е дел од стратешките определби на локалната самоуправа чија цел е да го подобри квалитетот на животот на граѓаните преку подобрување на инфраструктурата, во прв план на локалната патна мрежа – велат од Општината.

Реализацијата на проектот ќе чини околу 2,2 милиони денари од кои 615.258 денари се општински средства. Доколку дозволат временските прилики, изведувачите велат дека ќе им треба еден месец за реализација на активностите.