Неверојатни сцени беа видени на САД Опен, поточно на натпреварите кои се одиграа на осмиот ден од последниот грен слем турнир. Имено, сите натпревари беа прекинати по десет минути, а причината беше апсолутно бизарна.

Во зградата каде што се наоѓа системот „сокол-око“ се вклучил аларм за пожар, при што сите биле принудени да ја напуштат зградата. Оваа вест стигнала до супервизорите на турнирот, а потоа и до судиите на теренот, а на тенисерите им било објаснето зошто морало да се прекинат натпреварите.

Во женска конкуренција во соблекувалната мораа да одат Каролине Вознијацки и Беатриз Хадад Маја кои играа во осминафиналето. Покрај тоа, прекинат е и натпреварот помеѓу Данило Медведев и Нуно Борхес.

На крајот се испостави дека е лажна тревога, па сите брзо се вратија на своите места и натпреварите продолжија. Медведев победи лесно со 6:0, 6:1 и 6:3, а во четвртфиналето ќе игра против Јаник Синер.

Џесика Пегуља и Каролина Мухова се пласираа во четвртфиналето. Пегуља пред домашните навивачи ја совлада Русинката Дијана Шнајдер со  6:4, 6:2, додека Мухова дома ја испрати Јасмин Паолини од Италија 6:3, 6:3.