„Сеќавање“ – изложба на уметникот Васил Костов во Прилеп

33

Во ликовната галерија на ЦК „Марко Цепенков“ во Прилеп, на 6 декември во 18:00 ч., ќе биде отворена изложбата „Сеќавање“, со дела од уметникот Васил Костов. Практично изложбата, која ќе биде отворена од Елена Чагороска, историчар на уметност, е ретроспектива на дел од неговото творештво насловено „Сеќавања“.

„Со ликовната поставка насловена ‘Сеќавање’ се заокружува и се остварува замислата на Васил Костов – комплетна презентација на уметничкото достигнување, најголем успех во ликовната дејност – кој остава печат на уметник на прилепската, македонската ликовна сцена и пошироко. Уметничко достигнување во творечки период од шест децении – активен, неуморен на речиси сите ликовни полиња, со разновидни техника и материјали: масло на платно (каде што е доминантен), акварел, гваш, графика, обиди за работење во дрво и други материјали. Подолги години работи како сценограф во Народниот театар ‘Војдан Чернодрински’, со повремени студиски престои во Париз, Венеција, Москва, Варшава. Последните години од животот им ги посветува на непополнетите моменти, сеќавањата од детството, како бегалец од Егејска Македонија, со многу страдања и слики од доживеаните настани. Полн со емотивни чувства, уметникот започнува да ги сублимира секоја слика, секое сеќавање и доживување, со идеја да започне серијал на слики насловени „Сеќавање – бегалски сеќавања од 1945 до 1952 година“, посочи, меѓу другото, Чагороска.

ИЗДВОЕНИ