Италијанскиот калчо гигант Милан со големо внимание ја следи ситуацијата околу големиот талент од редовите на германскиот бундеслигаш РБ Лајпциг, Бенџамин Шешко. Благодарение на одличните игри на стартот од новата сезона репрезентативецот на Словенија го привлече вниманието на најбогатите европски клубови кои можат да дојдат до неговиот потпис само со понуда не помала од 50 мил. евра.