Регионалната СЕХА лигата, сезонава ќе заврши со осминафиналните натпревари меѓу Вардар1961 и Металопластика. Поточно победникот од тој двомеч ќе се пласира во четврт-финалето на регионалното натпреварување чии дуели дополнително ќе бидат закажани, но ќе се играат во август.

Вардар и Металопластика се договорија двете средби од осмина-финалето да ги одиграат во Скопје. Првата средба е закажана за 7 јуни со почеток во 17,30 часот. Следниот ден ќе се игра вториот меч, повторно во 17,30 часот.

Тоа ќе бидат и последни средби за Вардар1961 сезонава бидејќи претходно планирано е домашното првенство да заврши на 3 јуни.