Најмалку 26 лица загинаа во серијата торнада што ги погодија градовите во јужниот и средниот запад на САД.
Силните ветрови оштетија куќи, а стотици илјади луѓе останаа без струја, јави Би-би-си.
Торнадото најсилно ги погоди американските сојузни држави Вирџинија, Охајо и Пенсилванија, а помина и низ Арканзас, Тенеси, Илиноис, Индијана, Алабама и Мисисипи.
Гувернерката Сара Хакаби Сандерс прогласи вонредна состојба во Арканзас во петокот, а Националната гарда беше активирана за да помогне во последиците од невремето.
Сандерс рече дека разговарала со американскиот претседател Џозеф Бајден за ситуацијата и дека претседателот ветил федерална помош.
Покривот на театарот се урна за време на концерт на хеви метал во Белвидер, Илиноис, во невреме во петокот, при што едно лице загина, а 28 се повредени. Минатата недела во торнадо во Мисисипи загинаа 26 лица.