Веќе некое време главна тема во американските спортски медиуми е секс-скандалот со тренерот на Бостон – Име Удока. Тој експресно беше суспендиран откако излегоа деталите околку сексуалните односи со Алисон Форстер, вработена во стручниот штаб на Селтикси.
Неодамна за тоа зборуваа најголемите ѕвезди на тимот, а сега се огласи и легендарниот Шекил О’Нил. Тој рече дека не сака да го осудува Име Удока бидејќи и тој ги правел истите работи, а се надоврза со приказната како поради тоа му се распаднал бракот.
- Сериски ја изневерував сопругата. Би било лудо и богохулно да дојдам овде и да бидам бомбастичен. Не можам да го правам тоа, ги познавам овие луѓе лично, знам низ што минуваат бидејќи јас сум поминал тоа, започна Шек.
Тој првпат се разведе од сопругата Шони во 2007 година, но тој развод беше поништен, а парот конечно се раздели во 2009 година на нејзино барање. Тогаш како причина за разделбата беа ставени „големите разлики“, а сега за тие „разлики“ зборуваше О’Нил.
- Го направив тоа, бев најдобар во тоа. Не сум горд на тоа, го изгубив семејството поради тоа, поради тоа изгубив многу важни години со моите деца. Затоа одбивам да зборувам за тоа што некој требаше или што не требаше да направи. Но, да одговорам на прашањето, се разбира дека не вредеше. Ќе ви кажам зошто. Најсреќните денови во мојот живот беа кога ќе се вратев дома и шест различни луѓе ми викаа „Тато, тато, тато!“. Заборавете ги парите, автомобилите, заборавете ги и титулите, особено кога беа мали и кога ме чекаа по натпреварите, истакна Шек и продолжи:
- Кога ги изгубив нив изгубив бев на дното. Дури и сега понекогаш сум на дното, особено кога сум сам во мојата куќа во Орландо, која е 6.500 квадратни метри, а никој нема.