Американската тенисерка Серена Вилијамс, никако да ја освои својата 24. грен слем титула со што би го изедначила рекордот на легендарната Маргарет Корт. Серена нема освоено ниедна грен слем титула веќе три години, поточно одкако се врати на терените по породувањето.

Таа се повлече од терените по освојувањето на Австралија опен во 2017 година и објави дека е бремена, а по породувањето се врати на теренот на почетокот од 2018 година и од тогаш одигра четири финалиња на големите турнири и во сите четири беше поразена.

Годинава на турнирот во Мелбурн испадна во третото коло, но нејзиниот тренер Патрик Миратоглу изјави дека таа се уште цврсто е убедена дека може да се закити со 24. грен слем титула и дека нема да се откаже лесно.

-Потребно е да се соочиме со реалноста, но Серена се уште верува дека може да го урне рекордот на Маргарет Корт. Во спротивно повеќе не би играла. Таа е убедена во тоа. Не е толку далеку, само треба да промениме некои работи. Не знам уште колку долго ќе игра, но доволно говори тоа дека по породувањето играше во четири финалиња. Мораме да сфатиме зашто не успеа да освои титула барем на еден турнир, изјави Миратоглу и додаде:

-Мораме да го прифатиме фактот дека нашиот план не функционира. Можеби треба да ги согледаме работите од друг агол, да направиме нова тактика или пак да си поставиме други цели.

Серена наредната шанса за осовјување на 24. грен слем титула ќе ја има на Толан Гарос во мај годинава. Многумина сметаат дека поголеми шанси да го стори тоа имаа на Вимблдон или САД Опен.