Серена во мрежасти чорапи се појави на Австралија опен, публиката во транс (Фото)

56

Американската тенисерка Серена Вилијамс повторно одбра интересна комбинација за овогодинешното учество на грен слем турнирот Австралија опен. Таа овој пат привлече внимание на турнирот во Мелбурн, откако на теренот се појави во мрежасти чорапи и едноделен зелен комбинизон. Како присутните, така и на оние од пред малите екрани веднаш го прокоментираа нејзиниот стајлинг на социјалните мрежи, а поголемиот дел од нив беа воодушевени од нејзината комбинација.

Ова за поранешниот рекет број 1 беше прв настап на овој турнир по пауза од две години, бидејќи минатата година не беше дел од него поради бременост. Таа лесно го мина првото коло совладувајќи ја Германката Татјана Марија со 6:0, 6:2.