Социјалниот сервис „Помагатели на ранливи целни групи на корисници“ при Црвен крст на град Скопје со поддршка од Град Скопје, на почетокот од новата, ги сумира постигнатите резултати за 2020 година.
Како што информираат од оваа хуманитарна организација, минатата година била исполнета со 75 задоволни корисници од испорачаната услуга од страна на помагателите и волонтерите, биле обучени 40 помагатели и волонтери, од кои 30 помагатели и 10 волонтери, а сервисот континуирано се имплементирал цела година.
-Помошта и поддршката што ја добиваат низ целата година им помогна во унапредување на квалитетот на животот, притоа постигнувајќи поголема независност и самостојност кај лицата со попреченост-истакнуваат од Црвениот крст на Град Скопје.