Мексиканскиот боксер  Еди Руиз јуниор приреди големо изненадување во историјата на боксот.

Во вистински спектакл во „Медисон Сквер Гарден“ тој го нокаутира Британецот Ентони Џошуа и му го нанесе првиот пораз во кариерата. Моментот кога судијата го прекина мечот се случи во седмата рунда.

Слични порази во кариерите запишаа големи шампиони како Ленокс Луис и Мајк Тајсон. Џошуа призна дека победил подобриот боксер и побара реванш до крајот на годината.