Семејна драма заврши со убиство во Скопје

218

Скопјанка била убиена вчеравечер во скопската населба Шуто Оризари.

Убиството се случило околу 22 часот и 30 минути кога 31-годишната жена настрадала сакајќи да спречи тепачка меѓу двајца братучеди.

Тие почнале расправија додека седеле и пиеле во дворот на куќата на едниот од нив, па едниот се вратил со нож, а сопругата на едниот од братучедите се обидела да ги смири и раздвои, но во мешаницата што настанала таа била прободена.

Од МВР го потврдија убиството, а детали соопштија дека ќе изнесат денеска.