Полициски службеници од Единицата за интервенција во Сараево го уапсиле триесет и петгодишниот Ј.Е. кој е осомничен за обид за убиство на неговиот татко, во трагичен настан што се случил во сабота попладне во нивната семејна куќа.
Инаку, претходно се случувала вистиска драма во семејната куќа, каде синот го запалил татко си, а потоа побегнал. Жртвата се здобила со сериозни повреди во вид на изгореници на 75 отсто од телото и се наоѓа на Одделението за пластична хирургија во Сараево, каде лекарите се борат за неговиот живот.
Сторителот е лице кое од претходно и е познато на полицијата, пишуваат локалните медиуми.