Селекција: Во вториот круг за “Роман на годината” -11 романи

69

“Страв од варвари“ од Петар Андоновски, “Последното име на иднината” од Живко Грозданоски и “Лидија, или се што знам за жените” од Тихомир Јанчовски се дел од 11 -те наслови кои влегоа во втор круг за наградата “Роман на годината” за 2018, која ја доделува Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности “Славко Јаневски“.

Меѓу романите кои ќе се борат за престижната награда се и “Пливање спротиводно# од Ненад Јолдески, „Послушен брод што плови“, Ирена Јорданова, “Земја на бегалци”, Кица Колбе, “Меѓу чаршијата и црквата”, Димитар Пандев, „Утеха за голите“, Давор Стојановски, “Маџун”, Влада Урошевиќ, “Луѓе без минато”, Ивица Челиковиќ и “Некој бил тука” од Николина Андова Шопова.