Новиот селектор на македоската ракометна репрезентација Кирил Лазаров, го имаше првиот собир откако беше поставен на оваа функција. Најмладиот селектор на Македонија кој има и улога на играч за натпреварите со светскиот шампион Дансак, за пласман на Европското првенство во 2022 година повика 23. ракометари. Но на првиот собир не се појавија репрезентатовците кои се уште имаат обвраки со своите клубови.

Репрезентацијата се очекува да биде комплетна во понеделник, а пред да се почне со тренинзи, ракометарите треба да ги минат сите потребни ковид-протоколи.

Првиот натпревар со селекцијата на Данска се игра на 11 март во Скопје, а три дена подоцна „црвено – жолтите“ гостуваат во Алборг. По две одиграни кола од квалификациите Македонија и Данска ја делат првата позиција со по две победи, додека без бодови се селекциите на Финска и Швајцарија.

Фото: П. Стојановски