Во скандалот биле вклучени затворски службеници, односно десет полицајци, меѓу кои и три жени, кои учествувале во групен секс  внатре и надвор од затворот Лантин

Секс-скандал во затворот „Лантин“, најголемиот затвор во земјата, предизвикува потреси во Белгија. Според белгиските медиуми, во скандалот биле вклучени мажи и жени затворски службеници кои учествувале во групен секс внатре и надвор од затворот, кој се наоѓа на периферијата на градот Лиеж.

Конкретно, станува збор за десет полицајци, меѓу кои и три жени, кои кога договарале состаноци надвор од затворот, го избрале домот на еден од учесниците, тврдејќи дека има големо џакузи. Во куќата на „П“ наводно влечеле алки во боја за да се утврди кој со кого ќе има секс.

А персоналот честопати не можеше да се воздржи од секс и во текот на работното време. Виш вработен наводно редовно го позајмувал своето биро на жена, позната само како „С“, за да може да има секс со други луѓе додека е на работа.

„Таа имплицираше дека ако нема секс, не може да работи“, изјави извор за „Судинфо“, опишувајќи ја збунетоста на членовите на персоналот околу тоа како била ангажирана, со оглед на тоа што нејзиниот брат бил затвореник.

„Нејзиното вработување предизвика конфронтација меѓу персоналот. „Не разбравме како оваа девојка била ангажирана во ’Лантин’, бидејќи нејзиниот брат во исто време бил затворен за убиство на хомосексуалец“, рече изворот.

Тој додаде дека „С“ го посетувала нејзиниот брат секој ден. „Како посетител беше многу дружељубива со семејствата на затворениците во чекалната“, истакна тој и нагласи дека „преку ноќ од посетител станала воспитно-поправен службеник“.

По избивањето на скандалот, „С“ била ставена во женското крило на затворот „за да ги смири нејзините сексуални нагони“, додека на „П“, сопственикот на џакузито, наводно му е забрането да учествува во женското крило откако било откриено дека имал секс со затвореничка. Исто така, сајтот „Судинфо“ наведува дека меѓу имињата на поврзаните со случајот стои и името на 30-годишна општинска советничка.