Поранешниот НБА кошаркар, Ламар Одом, имаше вистинска животна драма изминатите неколку години. Прво уживаше во алкохолот и дрогата, кои за малку не го чинеа смрт. Пред четири години беше на работ на смртта, неколку дена во кома, но алкохолот и дрогата не беа единствените работи на кои се навикна.

  • Докторите ме прогласија за чудо кое се движи по Земјата. Додека бев во кома претрпев 12 мозочни и шест срцеви удари и мило ми е што воопшто сум жив, откри Одом.

Тој исто така призна дека со години е зависник од секс, а воедно изјави дека ја изневерил својата поранешна сопруга, Клоу Кардашијан, со над 2.000 жени.

  • Бев опседнат со секс. Вистински зависник, имав секс со над 2.000 жени. Не ми беше грижа ниту малку за неа, истакна Одом.

Но, тоа не е се. Кога немал жена покрај себе гледал порно – филмови.

  • Кога немав секс, гледав порно – видеа. Тогаш сфаќав дека навистина имам проблем. Сексот потоа ме однесе кон дрогата, а кога ги споив двете заедно, чувството е неверојатно, додаде поранешната ѕвезда на ЛА Лејкерс.

Одличниот кошаркар на 13 октомври 2015 година во Лас Вегас беше пронајден онесвестен, откако со денови се опијанувал и воедно консумирал кокаин што на крајот придонело до откажување на неговиот бубрег и паѓање во кома. Три месеци минал во болница, но и покрај се, успеал да се рехабилитира и да започне нов живот.