Сопругата на аргентинскиот голгетер Мауро Зарате, Наталија Вебер, повторно се најде во центарот на тамошните медиуми со провокативните фотографии кои ги објави на социјалните мрежи.
Наталија е во брак со фудбалерот на премиерлигашот Вест Хем од 2011 година, но очигледно нему не му сметаат разголемите фотографии кои таа секојдневно ги објавува на својот Инстаграм – профил, каде има околу 200.000 следбеници.
Сексапилната девојка исто така редовно ги полни насловните страници на аргентинските магазини, па затоа може да се пофали со добра заработувачка.