Секој граѓанин ќе може да одгледува 2-3 стебла марихуана

124

Потребна е прво сериозна дебата околу Законот за марихуаната за да се слушне и гласот на народот, смета премиерот Зоран Заев, иако негов личен став е дека треба да се случи поскоро.

-Целта е да го слушнеме народот дали мисли дека треба да одиме понатаму со таа постапка. Лично сметам дека за 0,5 грама за лична употреба, не треба да се одговара, рече Заев.

Тој уште еднаш потврди дека легализацијата се прави за развивање на угостителството и туризмот.

-Ние немаме море, немаме нафта, и затоа ова е добар потенцијал за да може државата да го искористи за развој на економијата, и за отворање на нови работни места, како и за развој на туризмот, рече Заев.

Премиерот истакна и дека можноста за одгледување на марихуана нема да биде привилегија само на богатите.

– Целта е да се овозможи на секој граѓанин по 2-3 стебла под контрола на агенцијата која е предвидена во самиот закон, да може да се користи за сопствена потреба“, изјави Заев.