Познатата актерско-пејачка двојка Јелена Томашевиќ и Иван Босиљчиќ веќе подолго време ги покажуваат најубавите страни на еден хармоничен брак исполнет со љубов.
Пејачката го прослави својот 41 роденден, а нејзиниот сопруг не ги штедеше зборовите кога беа во прашање јавните честитки.
Босиљчиќ на својот „Инстаграм“ ја сподели фотографијата на Јелена од настапот и го напиша следново:
– Среќен роденден за тебе! Ѕвездите ќе ве гледаат од небо и ќе ги научите како да светат, бидејќи тие се роднини на месечината, а вие сте сестра на Сонцето – напишал нејзиниот сопруг со љубов.
Коментарите не штедоа на честитките упатени до познатата пејачка, но ниту кога се во прашање комплиментите за познатиот актер.
– Полесно и е кога те има тебе!
– Убави зборови
– Вака се сака жена
Јелена и одговори на саканиот, а под овие прекрасни зборови напиша „Ти благодарам, мое сонце“.
View this post on Instagram