Љиљана Петровиќ, поранешната менаџерка на Тоше Проески, секој октомври е исклучителна тажна. За неа месецот октомври самиот по себе е тажен, а особено датумот 16 октомври кога во сообраќајната несреќа го загуби ангелот, својот Тошка. Таа со него ја загуби и среќата, радоста, ја загуби, како што вели, смислата на животот.
– Едноставно не сакам да прифатам дека го нема. Јас секогаш се чувствувам лошо во овој период од годината, затоа што октомври ме потсетува дека навистина го нема мојот Тошка. Го нема нагалено да ми каже “каде си ти моето биберче“. Не можам да објаснам со зборови зошто е тоа така, но лошо се чувствувам во октомври, вознемирена сум, премногу тажна, постојано ми се плаче, вели Љиља која е денес далеку од естрадата и се занимава со лековити билки, а особено со лаванда во околината на Ниш.
–
– Во тие пет години од нашата соработка бевме буквално неразделни, делевме ден и ноќ, во почетокот го делевме и станот во Скопје, ми беше како помал брат. Жалам што и јас тој ден не загинав, за да не патам по него. Ги чувам сите подароци кои тој ми ги даде, тие ми се омилени. Чувам и наши фотографии каде сме насмеани, а кои се закачени на ѕидот. На сликите сме среќни, весели….еххххх… Го сакам и неговиот часовник што тој ми го подари за роденден, за последен пат, со тага во гласот се сеќава Љиља, менаџерката на големата македонската музичка ѕвезда, кој да останеше жив сигурно ќе имаше и светска слава. Д.М.