Кнежеството Монако е рај за сите оние кои сакаат да избегнат плаќање даноци. Тоа е град-држава на монархиски политички поредок, сместен на брегот на Средоземното Море.
Таа е најгусто населената земја во светот и со вкупна површина од 2,03 квадратни километри е втората најмала земја во светот (помалае само Ватикан). Граѓаните не плаќаат даноци, поради што во земјава живеат голем број луѓе кои се обидуваат да избегнат оданочување. Знаеме дека таму подолго време таму живее најдобриот тенисер во светот Србинот Новак Ѓоковиќ, а покрај него во оваа земја адреса имаат уште шест тенисери од Топ 10 на АТП листата.
Тоа се Даниил Медведев, Александар Зверев, Стефанос Циципас, Матео Беретини, Феликс Огер-Алиасиме и Јаник Синер.