Седумка за Димитријевиќ

56

Македонскиот кошаркар, Ненад Димитријевиќ, одигра уште една квалитетна партија и покрај малата минутажа во поразот на Хувентуд од Басконија со 67:68, во рамки на 16 коло од шпанската АЦБ-лига. Тој за помалку од десет минути на паркетот забележа седум поени и една асистенција.

Најефикасен во триумфот на Басконија беше Шилдс со 20 поени, додека кај Хувентуд Тодоровиќ се издвои со 13 поени и 12 скока.

Хувентуд е на седмата позиција на табелата во АЦБ-лигата со девет победи и седум порази, додека Басконија сега со 12 победи и четири порази се израмни со Реал Мадрид на втората позиција, веднаш зад водечката Барселона која има 13 победи и два порази.