Седница на Судскиот совет се избираат судии во Гостивар, Штип, Велес и Струга

76

Судскиот совет избира судии за во Апелациониот суд во Гостивар и во Штип, како и претседатели во Вишиот управен суд, Основниот суд Велес и Струга. За судија во Апелација во Гостивар избрани се Јетмир Ханзаи и Абдула Азири. За судии во Апелациониот суд во Штип избрани се Сузана Милевска и Анита Јорданова. Членовите на Судскиот совет после секој избор на судија индивидуално објаснуваат зошто гласале за избраниот судија, како препорака од Оценската мисија на Европската Комисија за транспарентно судство. На седницата треба да се одлучува по известување на Комисијата за утврдување на одговорност на судија-претседател на суд, таа точка е затворена за јавноста.

ИЗДВОЕНИ