Фолк-ѕвездата Цеца Ражнатовиќ (моминско Величковиќ) – напиша „мамааа“ под описот на фотографијата што ја објави… И сите ги крена на нозе. Со оваа слика Цеца попратно си ја стави и нивната слика од куќата во Житораѓе кога Цеца штотуку стана позната со песната “Цветак зановетак“. Ретко некој досега знаеше како изгледа мајката која ја родила, како што за неа велат „српската мајка“, својата ќерка, најпопуларната балканска пејачка.
А, еве како изгледаат и двете кога се на некоја приватна забава. Мајка и ќерка, знаат да се забавуваат и да се радуваат. Пејачката е многу горда на тоа што нејзината мајка Мира (по професија селска учителка) од секогаш ѝ давала ветер во грб.
–
Дури и тогаш кога Цеца со кнедла во грло морала да му соопшти на својот татко Слободан дека ќе се мажи за Жељко Ражнатовиќ. Тогаш Слободан хистерично збесна, не сакајќи да слушне за тоа, дека ќерка му ќе биде сопруга на некој кој светот го осудува за голем број злосторства. Сепак, мама Мира се најде тука како апсолутна заштитничка. Што се вели, мајка си е мајка!
И покрај тоа што речиси никогаш не ги гледаме заедно на концерти, промоции, во ТВ-емисии, пејачката сега на својот инстаграм-профил со овие фотографии на сите им покажа дека природната убавина ја наследила токму од мајка си Мира Величковиќ. Крвта не е вода! (Д.М.)