Северна ја здрма јужна Македонија

89
AppleMark

Утре во 10 часот по локално време, во грчкиот Парламент е најавена седницата за обновување на довербата на владата, по барање на премиерот на Грција, Алексис Ципрас, што со гласање ќе заврши во среда навечер, јави дописничката на МИА од Атина. Предвидено е расправата, со говор, да ја отвори и да ја затвори грчкиот премиер, а обраќања ќе имаат и лидерите на политичките партии. Гласањето за доверба во грчката влада доаѓаат по оставката која во неделата ја поднесе грчкиот министер за одбрана Панос Каменос, поради како што наведе во оставка Договорот од Преспа.

– Прашањето на Македонија не му дозволува да не ја жртвува фотелјата, напиша Каменос и си даде оставка од позицијата министер за одбрана.

Откако соопшти дека ќе ја поддржи владата на Алексис Ципрас на гласањето за доверба во парламентот, Каменос преку твитер ја исклучи од партијата “Независни Грци#, Елена Кунтура, која е министерка за култура во грчката влада.

– Г-ѓа Кунтура со нејзината официјална најава, одлучи да го размени својот глас и името на Македонија со министерска фотелја. Ја исклучувам од парламентарната група на Независни Грци, напиша Панос Каменос на Твитер.

Во исто време, грчкиот премиер Алексис Ципрас пак, решен да оди до крај. Се надева дека Владата ќе го истурка четиригодишниот мандат се до октомври и затоа ќе бара поддршка од Парламентот.

– Ја донесов одлуката, го известив претседателот на Парламентот дека набргу ќе пристапиме кон процесот предвиден од Уставот и правилникот на Парламентот, за обновување на довербата на мојата Влада, за да одиме напред со апсолутно мнозинство, рече Ципрас во изјавата по средбата со Каменос.

Властите во Атина сега се исправени пред два големи предизвици – мнозинство за гласањето доверба во Владата на Алексис Ципрас без коалицискиот партнер Независни Грци , и поддршка за Договорот од Преспа.

Грчкиот премиер Алексис Ципрас има шест пратеници надвор од неговата Сириза кои ќе му обезбедат апсоутно мнозинство во грчкиот парамент во гласањето на доверба на владата која ја предводи. Ципрас самиот го побара ова, откако неговиот коалиционен партнер Панос Каменос, поднесе оставка како министер за одбрана заедно со својот заменик.
Досега експлицитно е поддржан од шест пратеници од различни партиски партии, покрај оние 145 на Сиризи. На тој начин Ципрас ќе има најмалку 151 и ќе може целосно да се посвети и на ратификацијата на Преспанскиот договор, откако беа изгласани уставните измени во македонското Собрание.

– Мојата процена е дека Владата ќе добие доверба и ќе може да продолжи да ја води земјата, рече владиниот портпарол и министер без ресор Димитрис Ѕанакопулос, во интервју за грчката телевизија Алфа.

Говорејќи за одлуката на грчкиот премиер Алексис Ципрас да побара доверба од Парламентот, рече дека е “иницијатива со висока политичка симболика, но и голем политички ризик” и ги поставува пратениците и политичките сили пред историска одговорност.

Ѕанакопулос објасни дека гласањето доверба на Владата не треба да се поврзе со ратификацијата на Договорот од Преспа, бидејќи се две комплетно различни гласања, а едното не го одредува другото, но додаде дека и за двата процеса постои мнозинство во актуелниот Парламент, јави дописничката на МИА од Атина.

Оптимизам и уверност дека македонско-грчкиот договор нема да биде доведен во прашање, владее и во Македонија.
Министерот за надворешни Никола Димитров деновиве изјави оти добил уверување од грчка страна дека Атина ќе ги заврши преземените обврски кои произлегуваат од преспанскиот договор.

“Добив уверување дека грчката Влада останува силно посветена согласно со националните интереси на Грција да ја заврши работата со Преспанскиот договор#, изјави Димитров.

Расправата за гласањето доверба на Владата не треба да трае повеќе од три дена, а неофицијално, се очекува гласањето да заврши многу порано -во среда вечет, според најавите. Иако не се исклучуваат и “можни неизвесности”, генерално, медиумите прогнозираат опстанок на владата на Ципрас.