Северна Кореја испрати медицински тимови во југозападната провинција Јужна Хванга во обид да го запре ширењето на заразната цревна болест, јави ДПА .
Во четвртокот, локалнитемедиуми јавија за избивање на „акутна цревна епидемија“ во јужната провинција Хванга. Медицински тимови се испратени во провинцијата за да ги „поддржат напорите за медицински прегледи на сите граѓани“ и да ги идентификуваат сите пациенти кои страдаат од оваа болест. Здравствените работници ќе обезбедуваат и посебна грижа за децата, старите лица и лицата со хронични заболувања.
Пјонгјанг соопшти дека се работи на дезинфекција на капацитетите за отстранување на отпадни води и депониите и за проверка дали водата за пиење е безбедна. Природата на болеста е нејасна, а набљудувачите не ја исклучуваат можноста од појава на тифус или колера во оваа главно изолирана земја. Во петокот, медиумите јавихја дека повеќе од 800 семејства биле погодени.