Хрватската пејачка Северина доживеа несреќа за време на настап во Загреб. Пејачката падна додека ја изведуваше кореографијата, а потоа се пошегува на своја сметка.
„Имав кореографија да се фрлам во публиката, но кореографијата се случи малку порано… Всушност, ова го правам секој пат кога сакам да одморам на сцената…“ се пошегува Северина за себе со видео од нејзиниот пад.
Откако заврши на подот, Северина почна да се смее и продолжи со шоуто. „Ова мораше да се случи вечерва, каде сте ми, уште ли си на нозе?“ таа им се обрати на присутните.
View this post on Instagram
Инаку, настапот на Северина беше организиран по повод пристигнувањето на магазинот HELLO! на хрватскиот пазар. Таа на црвениот тепих пристигна во сега култниот фустан во кој се појави на доделувањето на наградите во Белград во 2012 година. Некои тогаш го нарекоа изгледот на Северина „најхраброто издание на годината“.