СДСМ на прес-конференција извести дека утре преку нивната Комисија за образование ќе организира собир на наставници и просветни работници пред Министерството за образование и наука во Скопје со почеток во 11:30 часот.
„Под слоганот „Немате оправдувања, покачете ги платите!“ ќе побараме да се покачат платите во образованието за 12% и да им се исполнат барањата на наставниците. Овој собир, пред почеток на училишната година е еден аларм, едно предупредување. Тоа е собир на којшто ќе биде искажан револтот од погрешните политики во образованието од страна на владата на ДПМНЕ и Весна Јаневска. Ги покануваме сите просветни работници, без разлика на нивните политички убедувања, да ни се придружат. Заедно да го искажеме незадоволството и да го кренеме гласот, да извршиме притисок врз власта за да ги промени погрешните политики.
Заедно, мора да ги вратиме достоинството и почитта кон наставниците“, изјави Даниела Николова, пратеничка на СДСМ.