СДСМ: Мицкоски е за нов прогон на неистомисленици, истата матрица на неговиот ментор Никола Груевски

67

Очигледно е дека матрицата на Никола Груевски продолжува да работи во Христијан Мицкоски, се огласија со соопштемие од владеачката партија СДСМ, како одговор на барањето на Мицкоски за лустрација на сите политичари.

Од СДСМ велат дека во отсуство на идеи, политичка програма и визија што носат добро за граѓаните, Мицкоски денеска побара нова лустрација. Мицкоски е за нов прогон на неистомисленици. Тоа, буквално е истата матрица на неговиот ментор Никола Груевски.

Затоа ли Мицкоски ја избра Гордана Силјановска за свој кандидат?

Очигледно нови прогони, етикетирања, јавни оцрнувања е идејата зад која се крие „правото“ за кое често зборува Силјановска.

На граѓаните и на Северна Македонија не и се потребни нови лустрации и прогони туку одговорност, владеење на право.

На граѓаните не им се потребни нови поделби, етикетирања.

На Северна Македонија и е потребен вистински претседател кој ќе биде претседател на сите граѓани, претседател кој нема да делу туку ќе обединува.

Затоа граѓаните масовно го поддржуваат Стево, идниот претседател на државата кој ќе работи на остварувања на државните и национални интереси, соопштуваат од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија