СДСМ и ДУИ ќе играат со пет кандидати за иден претседател

76

Заврши средбата помеѓу двајцата политички лидери Зоран Заев и Али Ахмети со договор помеѓу претседателите на СДСМ и ДУИ меѓусебно да се разменат партиските анализи и анкети за тоа кој би бил најдобар можен кандидат за претседател на државата како консензуален избор.

– На денешната средба ги споменавме моќните имиња, но доколку сега ги објавам би го нарушил целиот процес и морам да бидам внимателен. До крајот на неделата имињата ќе испливаат на површина и јавноста едно по едно ќе ги дознава. Во прашање се петмина можни кандидати, односно кандидатки, но треба да бидат прифатливи за албанската и другите етнички заедници, изјави Заев по состанокот.

Тој додаде дека амбиентот на фер и демократски избори ќе помогне да се овозможи цензусот на потребната излезност од 40 отсто, како и дека го почитува избраниот кандидат од ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска-Давкова, иако таа, според Заев, не се пронаоѓа во неговиот концепт „Едно општество за сите“.