Ахмети на туѓа свадба не оди, ама ќе дојде во Клуб на пратеници да се договори за претседател

106

 

 Првичната идеја за консензуален кандидат на СДСМ и ДУИ се отфрли по низата наводни несогласувања меѓу владините партнери, па Заев одлучи преку оглас и на конгрес да го избере кандидатот за претседател. Ахмети тогаш порача дека ДУИ нема да застане зад кандидат за претседател кој СДСМ ќе го избере на конгрес

Заев и Ахмети ќе си дадат уште една шанса да си подадат рака и да излезат со заеднички кандидат на претстојните претседателски избори. Партиски извори брифираат дека за денеска се најавува средба меѓу владиниот двоец, што најверојатно би значело надминување на разликите и заенички настап на изборите.

Првичната идеја за консензуален кандидат на СДСМ и ДУИ се отфрли по низата наводни несогласувања меѓу владините партнери, па Заев одлучи преку оглас и на конгрес да го избере кандидатот за претседател. Ахмети тогаш порача дека ДУИ нема да застане зад кандидат за претседател кој СДСМ ќе го избере на конгрес.

ДУИ на крајот на јануари на седница на Централниот одбор едногласно одлучи самостојно да учествува на претседателските избори, но портпаролот Бујар Османи тогаш изјави дека Претседателството на партијата дало и можност доколку се создадат услови за соработка со други политички партии, претседателот на партијата да разговара со албанските политички партии или со партиите на други етнички заедници по концептот консензуален кандидат.

-Излегуваат со изјава дека ќе прават Конгрес. На туѓа свадба не одам. Ниту на свадба непоканет не одам. Овие неодговорни потези на СДСМ, на неколку нивни високи претставници се некоректни. Ние не сме ничија патерица, ниту, пак, сме нечија опашка. Ниту претходно на Груевски, ниту сега на Заев. Направивме длабока анализа и решивме да излеземе со наш кандидат, изјави неодамна лидерот на интегративците Али Ахмети во интервју за МТВ2.

Во меѓувреме, во владејачката СДСМ се уште трае конкурсот за пријавување на претседателски кандидати, а според информациите, досега е поднесена само една кандидатура.
СДСМ својот претседателски кандидат ќе го избере на партискиот конгрес кој е закажан за 3 март. Иако во јавноста се споменуваа повеќе имиња, на “Бихаќка” како фаворити веќе подолг период се споменуваат министерот за надворешни работи Никола Димитров и националниот координатор за НАТО Стево Пендаровски, но ниту еден од нив досега официјално не ја најавил својата кандидатура.