Свирепо убиство на 14.годишно момче во Прилеп

241

Свирепо убиство на 14-годишно момче се случило синоќа во Прилеп. Момчето околу 19:30 часот било пронајдено без знаци на живот во центарот на Прилеп на тротоарот од булеварот „Гоце Делчев“ наспроти Домот на културата „Марко Цепенков“. Се претпоставува дека било избодено со нож.

Според Службата за итна медицинска помош во Прилеп, момчето било пренесено во прилепската болница, каде што имало обиди за негова реанимација, но, за жал, биле неуспешни.

Увид направиле полицијата и основен јавен обвинител. Наредена е обдукција на телото на 14-годишното момче.

Повеќе детали за немилиот настан се очекуваат во текот на денот.

Инаку, како што објави Телма, а според сведоштвата на Прилепчани, на инцидентот му претходела физичка пресметка на поголема група млади лица.

Инцидентот се случил пред деветкатницата во Прилеп во близина на градскиот плоштад. Момчето почнало да бега од групата, но паднало на влезот на прилепската чаршија, по што било стигнато од групата која учествувала во тепачката.

Очевидците повикале Итна помош и околу 19:40 случајот бил пријавено во полиција. Итната помош го префрлила момчето во прилепската болница, но им подлегнало на повредите од повеќето убоди кои му биле нанесени по телото.

Дополнително се работи на утврдување на идентитетот на момчето бидејќи кај него не биле пронајдени лични документи за да може да биде идентификувано. Надлежните дадоа наредба за обдукција на телото.