Публиката во салата на Филхармонијата синоќа уживаше во Божиќниот концерт на традиционални празнични песни како завршен настан од годинешната манифестација „Бадникови поворки“.
На концертот настапија македонски музичари и пејачи, ревијален оркестар од автентични инструменти, хорот „Козма Пречистански“ и пејачи од насоката за традиционална музика и игра при ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“.
Оркестарот го предводеше композиторот и основач на „Љубојна“ – Оливер Јосифовски, вокалот Вера Милошевска, светскиот виртуоз на кларинет – Исмаил Лумановски, групата „Чалгии мерак” и останатите врвни музичари: Филип Михајлоски – канон, Тони Арслан – виолина, Христијан Јаневски – тамбура, Роберт Ангеловски – кавали, Петар Христов – лира, Оливер Настовски – ут, Мите Наумовски – џумбуш, Анастасиос Иоану – кларинет, Демир Шакиров, Христијан Николовски и Шериф Мустафа – перкусии.
Како вокалисти настапија и Антониа Гиговска, Ламбе Алабаковски, Димитар Андоновски, Стефан Филиповски (Некст тајм) и Никола Перевски – Пере (Нокаут).