Организаторите на Олимпијадата 2024 во Париз се решија за невообичаен потег отворањето да се одржи на реката Сена, каде делегациите на земјите-учеснички на вкупно 85 бродови да продефилираат низ француската престолнина пред околу 300.000 спортски фанови што во живо го следат овој спектакл.
И знаменосците Дарио Ивановски и Мила Релјиќ го развеаја македонското знаме на брод по Сена, како предводници на македонската делегација која брои шест спортисти. Македонската делегација се наоѓаше во ист брод заедно со делегациите на Луксембург, Лихтенштајн и на Мадагаскар, како дел од овој спектакл во „градот на светлината“.